Вила Михалис – Ипсос
Вилата Михалис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос на 250 метри од плажата. Вилата е стандардно грчко сместување кое располага со двокреветни соби и можност за додавање на трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, ви-фи интернет, кој е многу слаб и нема конекција во целата куќа. Студијата располагаат со клима уред кој може да се користи со доплата од 7 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје, прв спрат и втор спрат, од кои сите имаат тераса, освен 4 еко студија кои немаат тераса. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата нема телевизор. Бидејќи станува збор за апартманско сместување, вилата не поседува рецепција, luggage room, ниту надворешен тоалет.
Постојат 3 типа на соби:
*Regular – стандардна соба со реновиран тоалет на приземје и прв спрат
*Economy – стандардни соби со класичен тоалет на втор спрат
*Economy без тераса – стандардни соби кои немаат тераса на втор спрат
GPS координати 39.706358636971466, 19.839586015373815