МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-СИРМИОНЕ
Италија – земја на пица и паста, земја на мода, култура и неверојатна убавина. Сплет на уметност, традиција и модерно време. Градби и знаменитости кои ќе ве остават без здив. Италија е дефинитивно една од најпосетените земји во светот. Милиони туристи на годишно ниво ја преплавуваат, а најпосетени се Рим, Милано, Фиренца, Венеција, Пиза и Верона.
ПРОМО ЦЕНА: 169 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 80 ЕВРА ПО ЛИЦЕ! (во пакетот вклучени се сите екскурзии, освен крстарењето по Езерото Комо која се доплаќа на лице место по пристигнувањето во Комо)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА
Програма
Состанок на групата на Дрводекор во 11:30, поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано со лиценциран водич: SforcescoCаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот, сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza dellaReforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посетана мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Дококу дозволат временските услови, можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе (задолжителна факултативна посета). Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 26.10.2026 – понеделник.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во околината на Милано
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
- Организација на аранжманот и туристички придружник во текот на целото патување.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Разглед на Милано со водич (15€)
- Посета на Лугано и Комо (50€)
- Посета на Сирмионе (15€) – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА за тие кои одат по редовна цена
- Крстарење по езерото Комо – оваа екскурзија не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните
- Задолжителна доплата за туристичка такса 5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
Пакетот екскурзии од 80 евра вклучува: разглед на Милано со водич, посета на Лугано и Комо и посета на Сирмионе
* Екскурзијата крстарење по езерото Комо не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо
* Екскурзијата посета на Сирмионе е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за посета за сите патници присутни во групата
НАПОМЕНИ: