Париз – градот на светлината, љубовта и безвременската елеганција. Октомври е прекрасно време за откривање на Париз – кога есента целосно ја прегрнува градската глетка, а секое ќоше се претвора во сцена од филм. Листовите нежно паѓаат по булеварите, кафулињата се полни со мирис на свежо кафе, а Париз зрачи со спокојство и романтика.
Пешачете низ уметничките четврти, истражувајте ги скриените галерии и книжарници, и уживајте во погледите од Монмартр. Посетете ги легендарните локации како Ајфеловата кула и Нотр Дам, или уживајте во попладневна прошетка низ градините на Луксембург, каде есента создава вистинска слика вредна за разгледница.
Ако патувате со семејството, не го прескокнувајте Дизниленд. Октомвриските денови се идеални – доволно свежи за целодневни авантури, а парковите сè уште блескаат со боите на радоста. Париз во октомври не е само дестинација – тој е чувство.
| Датум | 10.10 – 13.10.2026 |
| Цена | 499 € возрасен / 459 € дете 2–12 год. (без Дизниленд)
599 € возрасен / 559 € дете 2–12 год. (со Дизниленд) 80 € за деца до 2 години |
Во цената е вклучено
Во цената не е вклучено
Програма
10.10.2026
11.10.2026
12.10.2026
13.10.2026
Факултативни излети
Пешачки разглед на Париз со водич 40 €
Најпознатите места, скриени локални ресторани со најдоброто вино и сирење, и убавината на францускиот начин на живеење.
Влезница за Музеј Лувр 30 € (18 год.+) / 15 € (до 18 год.)
Најпознатиот музеј во светот, дом на „Мона Лиза“ и „Венера од Милос“.
Влезница за Дворецот Версај 65 € / 40 € (3–11 год.)
Раскошни соби со златни детали, уметнички дела и прекрасните барокни градини на Андре Ленотр.
Влезница за Ајфелова кула до втор кат 35 € / 18 € (3–11 год.) – цена од информативен карактер
Симболот на Париз – спектакуларни погледи на градот и познатите ноќни осветлувања.
Крстарење по Сена 25 € / 20 € (3–11 год.)
Еднoчасовно крстарење покрај најпознатите знаменитости, со поглед на осветлената Ајфелова кула.
Посета на Дизниленд вклучена во цената
Целодневна магична авантура со Mickey & Minnie Mouse, парадата со Дизни ликови и омилените атракции.
Дополнителни информации