Париз | Виена | Прага | Минхен | Салзбург 5НП
ТЕРМИН 10 Октомври 2026
1 ДЕН 10.10.2026 СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата во 10.30ч на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 11.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград... . Ноќно возење.
2 ДЕН 11.10.2026 ВИЕНА - ПРАГА
Очекувано пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН 12.10.2026 ПРАГА - ПАРИЗ
Појадок. Претпладне, факултативно панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.
4 ДЕН 13.10.2026 ПАРИЗ
Во утринските часови пристигнување во Париз - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља, Универзитетската четврт, Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија... Сместување во хотел. Слободно попладне и можност за индивидуална посета на Ајфелова кула (со јавен превоз). Ноќевање.
5 ДЕН 14.10.2026 ПАРИЗ - ЕЛИСЕЈСКИ ПОЛИЊА - ЛУВР - ВЕРСАЈ.
Појадок. Mожност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија Шанзелизе...Потоа можност за посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр ( индивидуален влез).Попладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Версај. Слушнете ги приказните за животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Ноќевање.
6 ДЕН 15.10.2026 (СРЦЕТО НА ПАРИЗ – СЕНА)
Појадок. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со чаша француско вино на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. Веднаш потоа, Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.
7 ДЕН 16.10.2026 ПАРИЗ (ДИЗНИЛЕНД) - МИНХЕН
Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на ДИЗНИ - Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски паркови или можност за целодневна посета на Val d'Europe Shopping Center (Marne-la-Vallee). Или може да се остане во Париз и до посетите некои од познатите музеи... Патниците кои остануваат во Париз во вечерните часови ќе се сретнат со групата на Дизниленд. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.
8 ДЕН 17.10.2026 МИНХЕН
Пристигнуваме во Минхен во утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта... Ви препорачуваме да ја посетите најголемата Кралска пивница ХБ (пиво и свински коленици). Сместување во хотел. Ноќевање.
9 ДЕН 18.10.2026 МИНХЕН - САЛЗБУРГ - СКОПЈЕ
Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел на градот со локален водич: Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел... Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Австрија, Словенија, Хрватска, Србија.
10 ДЕН 19.10.2026 СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30.06.2026: 439€
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 489€
АНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: