Duration: 19 Sep 2026 - 22 Sep 2026
Price: 599€
Book Now!

fib


Париз и Дизниленд 
19.09.2026 - 22.09.2026


1 ден

Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 12:10 часот. Слетување во 15:10 часот. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Avenue des Champs-Élysées – Елисејските Полиња, Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – плоштадот Конкорд и Les Invalides – Домот на инвалидите. Сместување во хотел Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

2 ден

Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Се посетуваат:, Tour Eiffel – Ајфеловата кула, прошетка со брод по реката Сена, Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини и Quartier Latin – Латинскиот кварт.  Musée du Louvre – музејот Лувр. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање во хотел.

3 ден

Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.

4 ден

Појадок. Панорамски разглед на Galeries Lafayette – познатата париска трговска галерија, Opéra Garnier – историската париска опера, Слободно време за шопинг. Поаѓање од Париз во 12 Полетување во 15:45ч од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.


Цена на аражманот - 599 евра по лице 


Вклучено

  • Авио билет на релација Скопје – Париз - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организиран панорамски разглед на градот со автобус
  • Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
  • Туристичка такса

Не е вклучено

  • Влезница за Лувр 38 € (само влезница), за деца до 10 години 18 €
  • Влезница за брод по Сена 18€, за деца до 10 години е 10 €
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

Напомена

    • Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
    • Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
    • Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
    • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности