Duration: 08 Oct 2026 - 13 Oct 2026
Price: 269€Рана резервација до 30.06.2026 : 239€
Book Now!
нех


Прага 3НП (Карлови Вари - Дрезден - Parndorf - Виена)


1 ден  08.10.2026 СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Денско и  Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 09.10.2026 ПРАГА
Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус,  Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 10.10.2025 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време.  Ноќевање   

4 ден  11.10.2026 ПРАГА - ДРЕЗДЕН
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.  

5 ден 12.10.2026 ПРАГА – ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  PARNDORF. По пристигнувањето  во Виена, прошетка низ стариот дел на градот:  Стефан Плац, катедралата Св. Стефан ...  Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.

6 ден 13.10.2026 СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови (во зависност од граничните премини)


ЦЕНА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 30.06.2026 : 239 евра

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  269 евра 


 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел 3* НП во Прага
  • Организација и водство на програмата
  • Посета и разглед на Виена
  • Попатна посета  на  OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Разглед на Прага со локален водич  (20€)
  • Факултативен излет Карлови Вари   (40€)
  • Крстарење со брод по Влтава  (25€)
  • Целодневна посета на Дрезден  (50€)
  • Туристичка такса 3 евра по лице на ден, се плаќа во агенција
  • Патничко осигурување 300 ден.
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за седиште по избор (20€)
  • Доплата за дополнително седиште (150€)

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.