Duration:
Price: 429€Промо цена : 399€
Book Now!
нех


Термин 12 Март 2027

1 ден  12.03.2027 • Скопје – Прага

Состанок на групата на скопскиот аеродром во  во 04:30ч. Полетување за Прага во 06:15ч. Слетување во Прага во 08:20 ч. Одиме на панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Можност за крстерење по Влтава… Има нешто навистина магично во Прага кога ќе ја погледнете од реката Влтава. Додека бродот полека плови по мирните води, пред вас се откриваат прекрасните мостови, романтичните градби и величествениот Прашки замок. Пловењето покрај славниот Карлов мост, со поглед кон шарените фасади и историските знаменитости, создава чувство како да сте дел од вистинска бајка. Трансфер до хотел. Ноќевање.

2 ден  13.03.2027 • Прага – Дрезден

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на брегот на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел во Прага. Ноќевање

3 ден 14.03.2027 • Прага – Карлови Вари

Појадок. Препорачуваме факултативен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Ноќевање 

4 ден 15.03.2027 • Прага

Појадок. Одјавување од хотел. Трансфер на групата до аеродром. Полетување за Скопје во13:10ч. Слетување во Скопје во 15:10.


Промо цена за резервација до 15.12.2026: 399 евра / 24.740 денари

Редовна цена на аранжманот: 429 евра / 26.600 денари


Аранжманот вклучува

  • Авионски превоз на релација Скопје - Прага - Скопје
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Сместување во хотел во Прага на база 3 ноќевања со појадок
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување 300 ден (за лица до 65 години)
  • Разглед на Прага со локален водич и превоз - 50€
  • Факултативен излет Карлови Вари - 70€
  • Крстарење со брод по Влтава - 25€
  • Целодневна посета на Дрезден - 80€
  • Пакет излети: 210€
  • Цената на излетите е важечка за мин. 15 лица ( патниците треба да се изјаснат за излетите при улата на аранжманот)
  • Туристичка такса 3 евра по лице на ден, се плаќа во агенција
  • Влезници за музеи и локалитети
  • Доплата за еднокреветна соба 6.700 ден
  • Доплата за чекиран багаж 10кг - 40€
  • Доплата за чекиран багаж 20кг - 60€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.(Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Доколку багажот се додаде дополнително, цената може да биде повисока од првично понудената, бидејќи авиокомпанијата го задржува правото на промена на цените. За точната цена, ве молиме консултирајте се со агенцијата.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 50%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.