Магија и мистика
Кападокија со Истанбул и Солено езеро
Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, лоцирана во централна Турција и позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата кое секојдневно мами голем број туристи. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка…
01 ден 04.03 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Инн во 15.30 и поаѓање во 16.00 ч. Се патува преку граничниот премин Деве Баир и Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.
02 ден 05.03 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во раните утрионски чсови. Панорамско разгледување (со долпата) на градот со автобус и локален водич: Капали чаршија, Бејазит, Најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотел (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Можност од тука да тргнеме на прекрасно Крстарење по Босфор (со доплата) и да го запознаеме Истанбул од друга перспектива: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палата, крстарењето овозможува прекрасен поглед на раскошните палати, Моминската кула…Сместување во хотел. Попладне ве водиме на Азиската страна, Ускудар каде се наоѓа преубавата џамија на Михримах Султан, ќерката на Сулејман Величанствени. Прошетка завршува во прекрасното место Бејлербеји, покрај самото море. Ноќна панорама на Истанбул, враќање во хотел преку Босфорскиот мост, симболот на Истанбул. Ноќевање.
03 ден 06.03 ИСТАНБУЛ – СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА
Појадок. Одјавување од хотел и заминување за Кападокија со пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу. Едно од најголемите солени езера во светот, долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, а најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро… Продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел и краток одмор. Можност за прошетка низ Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe, првите „самовилини оџаци„, улиците со сувенири и ресторани. Не пропуштајте да испиете турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме. Ноќевање.
04 ден 07.03 ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА
ЛЕТ СО БАЛОН: Рано наутро околу 04.00ч факултативно летање со балон над Кападокија. Волшебно, незаборавно доживување… Тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. Летот на балоните трае еден час и зависи од временските услови. Следи здравица со шампањ и доделување на сертификат за летање со балон. Враќање во хотел. Појадок. Препорачуваме полудневна факултативна екскурзија, МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА. Вe водиме во едно возбудливо минато, со остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија. Започнува со посета на Долината на „Трите Убавици„ потоа следи Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од од Селџуците, како и стари грчки и римски куќи. Посета на Мустафапаша, некогашна грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото. Посета на црквата Константин и Елени, во центарот на Мустафапаша. Посета на фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови. Завршува во Ортахисар, како што жителите ја нарекуваат “највисокиот самовилски оџак во Кападокија. Висок 90метри, служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Одиме на тераса од која ќе имате пркрасен поглед на Ортахисар. Ручек во локален ресторан. Враќање во хотел. Слободно време. Попладне, ново возбудување, МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО: Препорачуваме 2 можности – “ATV SUNSET TOUR”, двочасовно возење со четвороцикли покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин., посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Или “BUS SUNSET TOUR”, Долина на Розите и Црвената долина. Можност за прошетка по падините на вулкнското брдо уживајќи во најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина. За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се ужива во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Се посетува и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка. Враќање во хотел. Во вечерите часови факултативно, турска вечер со традиционални игри и стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите. Богатото шоу со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Ноќевање.
05 ден 08.03 ЃОРЕМЕ, МАГИЧНА КАПАДОКИЈА
Појадок. МАГИЧНА КАПАДОКИЈА. Почнуваме со панорамски поглед кон замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме. Долината на гулабите, големо живеалиште на гулабите. Ве водиме во фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Потоа одиме во подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км. Ручек во локален ресторан. Возбудувањата продолжуваат со посета на Долината на розите и Црвената долина. Магична прошетка низ долините и под “самовилините оџаци”со посета на најубавите цркви од минатото: црквата на крстот или турски, Хаџли Клисе и црквата со столбови или турски Колонлу клисе. Вечерта можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата. Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Ноќевање .
06 ден 09.03 ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”- СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел, багажот се остава во автобус. Предлагаме (факултативно) излет, “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”. Одиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Ручек во локален ресторан. Следи посета и разгледувања на најубавите долини, Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”. Зелве – долина, музеј на отворено, Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „Самовилини оџаци„. Полни со впечатоци, во попладневните часови поаѓаме кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Форум во Невшехир. Патувањето води покрај Истанбул, Едрене, гр. Премин Капикуле, Софија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје наредниот ден во попладневните часови.
Редовна цена: 179 €
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- 3 Ноќевања со појадок во КАПАДОКИЈА во хотел SUHAN CAPPADOCIA HOTEL & SPA www.suhankapadokya.com
- 1 ноќевање со појадок во ИСТАНБУЛ, хотел Metro Hotel www.otelmetro.com и хотел Polanin Hotel www.polaninhotel.com
- Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
- Прошетка низ Гореме,
- Посета на трговски центар Форум во Невшехир
- Организација на патувањето, лиценциран туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Доплата за 3 полупансиони во Кападокија – 20€ по лице (резервација при уплата на аранжманот)
- Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници,превоз, локален водич 45€
- Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич 45€“Мистична Кападокија”, вклучен ручек, превоз, локален водич 25€
- ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: “Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 100 €
- ATV SUNSET TOUR, трансфери, водич, 2 часа возење, кацига 15€ по лице (задолжително 2 лица)
- Црвена Долина со залез на сонцето, превоз, локален водич 10€
- Турска вечер со шоу програма, мезе и пијалок, превоз, локален водич 30€
- Танц на дервишите : церемонија , превоз, локален водич 25€
- Лет со балон – оклоу 120€ задолжително изјаснување во агенција, цената може да претрпи промени
- Панорамско разгледување на Истанбул со автобус и локален водич 10€
- Крстарење по Босфор 20€
- Азиски дел на Истанбул 10€
- ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВА ИСТАНБУЛ 30€
- Туристичка такса 2 € по лице од ноќ (се плаќа во агенција, во денарска противредност)
- Доплата за еднокреветна соба
- Задолжително патничко осигурување
Напомена:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари. Калкулацијата е правена на минимум пријавени 40 патници.
- За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
- При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- За патување во Турција потребно е сертификат за примени 2 дози (со поминати 14 дена од втората) или ПЦР тест или Рапид тест.
- Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6месеци по завршувањето на аранжманот.
- За овој аранжман важат општите услови за патување на Ви Травел