Кумбургаз е мало приморско место во Турција, сместено на брегот на Мраморно Море, отприлика 50-тина километри пред Истанбул. Поради близината до големиот град, често е избор за брз, релаксиран одмор – особено за фамилии и парови кои сакаат мирна атмосфера.
TЕРМИНИ:
28.06 – 05.07.2026 - 330 евра
19.07 – 26.07.2026 - 330 евра
16.08 – 23.08.2026 - 330 евра
ЗА ДЕЦА ОД 0-4.99 ГОДИНИ САМО ТРАНСФЕР 70евра (4340ден)
ЗА ДЕЦА ОД 5 – 11.99 ГОДИНИ 50% ПОПУСТ НА САМИОТ АРАНЖМАН.
Oрганизиран трансфер од: Скопје (15евра) Велес (15евра) Св.Николе (10евра) Струмица (10евра) Радовиш (10евра)
Редовен автобуски превоз: Штип,Кочани,Виница,Каменица,Делчево.
1-ви ден – недела:
Поаѓање од Кочани околу 23:00 часот. Патуваме преку граничен премин Делчево.Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Сместување во хотелот по 14:00 часот. Слободно време за одмор и плажа. Нокевање.
2-ри ден – понеделник:
Појадок. Факултатива: Полудневна тура низ мегаполисот Истанбул со посета на православната црква „Свети Стефан“, потоа слободно време за прошетка низ шармантните улички со разнобојни згради во квартот Балат, каде може да се проба неверојатното турско кафе приготвено на песок. Програмата продолжува кон азискиот дел на Истанбул со посета на најголемата џамија во Турција – Чамлиџа. Слободно време за фотографии и прошетка по ридот Чамлиџа. Враќање кон Европа и поаѓање кон трговскиот центар „Aqua Florya“, каде што се наоѓа еден од најголемите аквариуми со џунгла во Истанбул (влезница за аквариумот со доплата, факултативно). Слободно време за прошетка. Враќање во хотелот. Нокевање.
3-ти ден – вторник:
Појадок. Слободно време за плажа. Нокевање.
4-ти ден – среда:
Појадок. Факултатива – Попладневна прошетка до трговскиот центар „Via Port Venezia“ во Истанбул. Слободно време за прошетка и шопинг. Враќање назад кон Кумбургаз. Нокевање.
5-ти ден – четврток:
Појадок. Слободно време за плажа. Нокевање.
6-ти ден – петок:
Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање
7-ми ден – сабота:
Појадок. Поаѓање околу 11:00 часот кон градот Едрене. Краток престој кај маркет (околу 30 мин.) за одмор пред границата. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
Превоз со високо туристички автобус
Сопствена плажа со чадори и лежалки
Посета на маркет пред граничен премин Капи Куле (30минути)
Придружник од туристичка агенција за време на патувањето;
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА (дополнителни екскурзии):
Посета на трговски центар „Viaport Venezia“ – 10 €, за деца до 10 г. – 8 €;
Ноќна тура до град Силиври со посета на мол „Vega“ – 10 €, за деца до 10 г. – 8 €;
Влезница за аквариум: 30 евра
Полудневна прошетка со посета на џамијата Чамлџа – 30 €, за деца до 10 г. – 25 €.
Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а Либеро Травел како агенција нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата за првите четири седишта во автобус – 20 еур.
Можност за плаќање на рати, при резервација 30% а останатите 70% да бидат исплатени 5 дена пред поаѓањето. Доколку уплатата не биде извршена 5 дена пред поаѓање , аранжманот нема да биде извршен од страна на агенцијата, ќе бидат вратени 30% од вкупно уплатените средства.
Доколку лицето има уплатено само 30% вкупно, тие 30% не се враќаат назад, агенцијата ги задржува.
Штип
+389 32 618 999; +389 78 419 995
Кирил и Методи 26, 2000 Македонија
Струмица
+389 34 609 990; +389 77 507 556
Јосиф Јосифовски 1, 2400 Македонија