Book Now!

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Локација: Vincci Rosa Beach & Thalasso се наоѓа во хотелскиот регион Сканес-Монастир. Од аеродромот во Монастир е оддалечен околу 2 километри, од аеродромот во Тунис околу 170 километри и од центарот на Монастир околу 5 километри.
Соби: клима уред, мини бар, телефон, сеф (се доплаќа), сателитска ТВ, интернет, бања, фен, балкон или тераса.
Содржини: рецепција 24/7, главен надворешен базен, внатрешен базен (во зима), главен ресторан и два a la carte ресторани (италијански и туниски), лоби бар, бар на плажа (01.05-31.10), бар покрај базен, вински бар, спа центар. Интернет во фоајето и во собите.
Спорт и забава: Хотелот располага со бројни објекти за спорт и забава, лежалки и чадори околу базенот и на плажа, крпи (со депозит), интернет во фоајето и во собите, спортови на вода за кои не е потребен мотор (сурфање, педалинки), детски клуб (4-12 години), игралиште, детски базен, лак и стрела, одбојка, пинг-понг, куглање, ватерполо, фитнес, аеробик, аква теретана, мини голф, дневна анимација, вечерни забави, соба со друштвени игри ( шах, табла, карти). Увозни пијалоци, наргиле, вински бар, сеф, душеци за лежалки, спортови на вода со мотор, чување деца, видео игри, билијард, перална, лекар, спа (масажа, амам, козметичар, фризер) се услуги кои се користат со доплата.
Плажа: Хотелот се наоѓа на прекрасна плажа со бел песок.

Напомени : 

  • Цените се вкупна цена по лице за дадените термин за Std Room 2adl /максимум 2 лица
  • За + ноќевања, друг термин или дополнителен број на лица ( инфо во агенција )

Цените вклучуваат

  • Чартер лет Скопје – Тунис – Скопје
  • Чекиран багаж 20 кг по лице + 7 кг рачен
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Аеродромски такси