ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Локација: Хотелот се наоѓа во туристичката област Сканес-Монастир, на само еден километар од аеродромот во Монастир. Аеродромот во Тунис е на 180 км од хотелот. Комплексот се наоѓа на на 6 км од центарот на Монастир и 7 км од пристаништето.
Соби: Сите соби се опремени со клима уред (15 јуни – 15 септември), сателитска ТВ, мини фрижидер, сеф, Wi-Fi интернет, бања, балкон или тераса.
Содржини: Хотелот располага со главен ресторан, два a la carte ресторани, четири барови, внатрешен базен, надворешен базен, детски базен, џакузи на отворен базен, лежалки и чадори на плажа и околу базенот, пешкири за плажа, продавница за сувенири, паркинг. Центар за таласо терапија, амам, сауна, фризерски салон се доплаќа.
Спорт и забава: За љубителите на активен одмор хотелот нуди тениски терени тенис, мини голф, одбојка на плажа.
Плажа: Хотелот се наоѓа на песочна плажа. Чадори и лежалки на плажа се бесплатни за гостите на хотелот.
Напомени :
- Цените се вкупна цена по лице за дадените термин за Std Room garden view 2adl /максимум 2 лица
- За + ноќевања, друг термин или дополнителен број на лица ( инфо во агенција )
Цените вклучуваат
- Чартер лет Скопје – Тунис – Скопје
- Чекиран багаж 20 кг по лице + 7 кг рачен
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Аеродромски такси