Duration: 22 Oct 2026 - 25 Oct 2026
Price: 119€Промо цена : 99€
Book Now!
ид*ал


САРАЕВО – ВИШЕГРАД – МОСТАР – БОСАНСКИ ПИРАМИДИ


Сараево е град со уникатна атмосфера во кој низ вековите се испреплетувале различни култури, религии и цивилизации. Токму оваа разновидност му дава посебен карактер – на едно место се среќаваат ориенталниот дух на Башчаршијата, австроунгарската архитектура и современиот градски живот. Прошетката низ Сараево е патување низ историјата, но и можност да се почувствува автентичниот дух на Босна и Херцеговина.


ДЕН 1 – 22.10.2026 четврток

Состанок на групата во договорено време на договореното место во Скопје. Поаѓање кон Босна и Херцеговина во вечерните часови. Следува ноќно патување преку Република Србија, со попатни паузи за одмор и задолжителни царински и гранични формалности.

ДЕН 2 – 23.10.2026 петок

Во утринските часови пристигнуваме во Вишеград, живописен град сместен покрај реката Дрина. Вишеград е особено познат по прочуениот Мост Мехмед-паша Соколовиќ, кој бил инспирација за познатиот роман на нобеловецот Иво Андриќ – „Мостот на Дрина“. Предвидено е слободно време за краток одмор и прошетка, по што продолжуваме кон Сараево. По пристигнувањето следува организирано разгледување на Сараево и неговите најзначајни знаменитости. Ќе ги запознаеме историските и културните симболи на градот, меѓу кои Башчаршијата, Гази Хусрев-беговата џамија, Сарајевската катедрала, Соборната црква, Латинската ќуприја, како и познатата улица Казанџилук, препознатлива по традиционалните занаетчиски дуќани. Прошетката продолжува низ пешачкиот дел на градот, каде на мал простор се испреплетуваат траги од османлискиот период, австроунгарската епоха и модерното Сараево. Во договорено време се упатуваме кон хотелот. Сместување и време за одмор. Во вечерните часови, слободно време за индивидуална посета на една од познатите традиционални пивници во Сараево. Ноќевање.

ДЕН 3 – 24.10.2026 сабота

Појадок. По појадокот следува факултативна целодневна екскурзија која започнува со посета на Бункерот на Тито, Врело Буна, Јабланица и Мостар. Следната посета е Јабланица, место познато по историските настани од Втората светска војна. Ќе имаме можност да го видиме познатиот срушен мост над Неретва, кој останал како сведоштво за Битката на Неретва и за еден од најзначајните настани од воениот период. Потоа следи посета на Врело Буна, еден од поголемите извори во Босна. Потоа продолжуваме кон Мостар, еден од најпрепознатливите градови во Босна и Херцеговина. Со локален водич ќе ги откриеме неговите најзначајни знаменитости, меѓу кои секако се издвојува Стариот мост, симболот на градот и неговото историско јадро. Ќе прошетаме низ стариот дел на Мостар, покрај традиционалните занаетчиски дуќани и карактеристичната ориентална архитектура, а ќе има и слободно време за индивидуална прошетка, ручек или кафе покрај Неретва. Во договорено време враќање кон Сараево. Ноќевање.

ДЕН 4 – 25.10.2026 недела

Појадок. По појадокот се упатуваме кон Високо, град познат по археолошкиот и туристичкиот комплекс на таканаречените Босански пирамиди. Локалитетот стана познат по истражувањата на д-р Семир Османагиќ и оттогаш привлекува голем број посетители од целиот свет. Во рамките на комплексот се наоѓаат Пирамидата на Сонцето, Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, а особено внимание привлекува подземниот комплекс Равне, со мрежа од тунели и премини. Ќе имаме можност да го посетиме подземниот дел на комплексот и да дознаеме повеќе за неговата историја, истражувањата и бројните теории поврзани со локалитетот. Посетата на Високо е интересен спој на историја, археологија, природа и мистерија и претставува поинакво туристичко искуство. По завршување на посетата, продолжуваме со враќање кон Скопје. Програмата и редоследот на посетите може да претрпат промени во зависност од сообраќајот, временските услови и организациските околности.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 99 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ – 90 ЕВРА


РЕДОВНА ЦЕНА 119 ЕВРА


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз на наведената релација
- Две ноќевања во хотел 3* во Сараево
- Посета на Вишеград
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Разглед на Сараево - 15 евра
- Бункерот на Тито, Јабланица, изворот Врело Буне и Мостар – 60 евра (влезницата за бункерот се плаќа на лице место)
- Посета на Босанските пирамиди - 25 евра
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање – се плаќа во автобус
- Патничко осигурување


ЦЕНА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ – 90 ЕВРА ПО ЛИЦЕ


НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)


НАПОМЕНИ:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
  • Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

ВНИМАНИЕ!

Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.