Сараево-Мостар~2НП
Термин: 06.12-09.12.2024
ПРОГРАМА:
1 ден (петок) 06.12.2024 Македонија – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Македонија. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, Ниш, Крагујевац, Ужице со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
2 ден (сабота) 07.12.2024-Сараево
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме до пешачката зона каде е Катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царевата џамија, Башчаршија, мостовите… Слободно време за прошетка низ Башчаршија. Смесување во хотел и краток одмор. Од 20 часот следи факултативна свечена вечера или слободно време. Ноќевање.
3ден (недела) 08.12.2024 Сараево – Мостар – Сараево.
По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање. Слободно време. Ноќевање.
4 ден (понеделник) 09.12.2024 Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кочани.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со факултативно крстарење со брод на реката Дрина. Посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Македонија
Редовна цена: 120 евра
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА: