Duration: 18 Aug 2026 - 25 Aug 2026
Price: 999€
Book Now!
atl+

 ИТАЛИЈА е симбол на убавината
САРДИНИЈА
18-25 АВГУСT
  АВИОН/ 8 дена/ 7 ноќевања


Сардинија е сместена во средината на Средоземното Море и е опкружена со многу мали острови. Од западната страна ја заплискува Сардиниското Море, а помеѓу Сардинија и Италија се простира Тиренсксото Море. Главниот и најголем град на Сардинија е Каљари.

Сардинија со години претставува едно од најелитните и најпопуларните летувалишта во Европа. Во текот на својата бурна историја, многу народи го освоиле овој остров, оставајќи свои траги и влијанија кои се обединиле во единствен спој на култура и менталитет. Токму поради тоа, гордите жители на Сардинија велат дека ова е држава за себе.

Сардинија е единствен медитерански остров со недопрена природа, прекрасни бели плажи, смарагдно сино море, гламурозна ривиера..... Еден остров и милион епитети...


18 Август (Вторник) СКОПЈЕ - АЛГЕРО или ГОЛФО ПЕВЕРО или ПОРТО ЧЕРВО
Полетување за Алгеро во 18:10 и пристигнување во 20:15 часот. Трансфер (околу 150 km) до Голфо Певеро, во зоната на Коста Смералда – „Смарагдниот брег“, најпознатиот дел на италијанскиот брег и едно од најелитните и најпопуларните летувалишта во Европа. Брегот е полн со прекрасни песочни плажи, кристално чисто море, бујна медитеранска вегетација и живописни места. Пристигнување во избраниот хотел и сместување. Ноќевање.

19.-24. Август АЛГЕРО или ГОЛФО ПЕВЕРО или ПОРТО ЧЕРВО
Појадок. Денови за уживање на прекрасните плажи, прошетки, факултативни излети...Ноќевање.

25 Август (Вторник) АЛГЕРО - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне за уживање на плажа. Организиран трансфер до Аеродромот во Алгеро. Полетување во 20:50 и слетување во Скопје во 22:50 часот.


Цена на аранжманот по лице, во двокреветна соба:

Хотел Catalunya 4* во центарот на Алгеро

https://www.hotelcatalunya.it/en/

7 Ноќевања со појадок

999 Евра


Хотел Piccolo Pevero 3* Голфо Певеро во близина на Порто Черво

https://www.piccolopevero.it/en/

7 Ноќевања со појадок

1399 Евра


Хотел Colonna Park 4* Порто Черво

https://www.colonnaparkhotel.it/

7 Полупансиони (Појадок и Вечера)

1999 Евра


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација Скопје- Алгеро- Скопје

- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)

- Организиран трансфер од аеродромот во Алгеро до хотел

- Сместување во избраниот хотел за 7 ноќевања на база ноќевање со појадок или полупансион (појадок и вечера)

- Организација на аранжманот


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Кабински багаж или багаж за чекирање

- Факултативни излети

- Патничко – здравствено осигурување


НАПОМЕНИ: 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето