Duration: 08 Oct 2026 - 13 Oct 2026
Price: 799€
Book Now!
атл+


На јадранскиот брег на јужна Италија, на прочуената „пета“ од италијанската чизма, се протега Пуља – земја со извонредна убавина, богато културно наследство и онаа ненаметлива елеганција по која се препознава италијанскиот југ.

Тука древните камени градови, раскошните барокни фасади и белите куќи се менуваат со зелени маслинови предели и тиркизните морски хоризонти. Секое место носи своја приказна, свој ритам и своја посебна естетика – од аристократскиот Лече и фасцинантниот Алберобело, до живописните крајбрежни гратчиња.

Пуља е и вистинско откритие за љубителите на италијанската кујна. На трпезата пристигнуваат свежи локални производи, рачно подготвена паста, прочуената буррата и моцарела, ароматичното маслиново масло и вина создадени во сончевите лозја на регионот.

Пуља е патување низ убавината, вкусот и италијанската уметност – во препознатливиот ритам на јужна Италија!


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                 799 евра (49.550 денари)


Програма

  1. Октомври (Четврток) СКОПЈЕ – БАРИ

Состанок на Аеродромот во Скопје во 18:45 часот. Полетување за Бари во 20:55 и пристигнување во 22:05 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

  1. Октомври (Петок) БАРИ – МАТЕРА

Појадок. Разглед на Бари, чија најпозната знаменитост е базиликата Св. Никола. Во близина се наоѓа и Катедралата изградена во византиски стил, а постојат и остатоци од норманската тврдина. Прошетката во центарот каде се наоѓаат и театрите Петруцели и Маргерита и Променадата Лунгомаре Императоре Аугусто... Патувањето продолжува до познатата Матера, исклучително живописен град изграден на варовнички карпи полни со подземни ходници и пештери. Поинаква од останатите италијански гратчиња, Матера со својата архитектура, повеќе потсетува на Блискиот исток отколку на Европа. Разглед на стариот дел од градот, кој е под заштита на УНЕСКО - Саси ди Матера, прошетка по Сасо Барисано со богато украсени портали и Сасо Кавеосо како некој театар, куќи во пештери кои степенасто се спуштаат кон градот. Во текот на разгледот ќе прошетаме по Пјаца Виторио Венето, Катедралата, фонтаната на љубовта... Токму поради нејзиниот изглед, многу често се користела како локација за снимање филмови, меѓу кои и Пасија на познатиот глумец и режисер Мел Гибсон. Враќање во хотелот во Бари во вечерните часови. Ноќевање.

  1. Октомври (Сабота) БАРИ - АЛБЕРОБЕЛО – ПОЛИЊАНО А МАРЕ

Појадок. Организиран превоз и пешачка прошетка во Алберобело, едно посебно и единствено место со типичните куќи ‘’Trulli‘’ со конусни кровови, без материјал за врзување, исклучиво направени од неправилни парчиња камен. Шетајќи се низ уличките, ќе имате чувство како да сте на снимање на некој цртан филм. Шармантното, романтичното и единственото место е заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува до едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља, Полињано а Маре. Сместување во хотелот и прошетка со локален превоз. Ова е сеуште, една од најважните антички населби, а до денес, гратчето успеало да ја задржи целата своја автентичност и шарм. Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери, прикажуваат посебна магија. Во градот се наоѓа и скулптурата на кантавторот Доменико Модуњо и скалите Воларе, по неговиот голем хит, кои водат до панорамската точка на карпата од која се пружа прекрасен поглед на градот и плажата. Ноќевање.

  1. Октомври (Недела) ПОЛИЊАНО А МАРЕ - БРИНДИЗИ - ЛЕЧЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Бриндизи – еден од најзначајните пристанишни градови на Јадранскиот брег и град со богата историја која датира уште од античкиот Рим. Пријатна прошетка низ историскиот центар, покрај живописното пристаниште, разглед на Римските столбови – симбол на градот и крајната точка на прочуениот пат Виа Апија, како и Катедралата и централниот плоштад. Слободно време за кафе и уживање во медитеранската атмосфера. Во договореното време, продолжување кон Лече и сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

  1. Октомври (Понеделник) ЛЕЧЕ

Појадок. Разглед на историскиот центар, кој плени со својата раскошна барокна архитектура изработена од препознатливиот локален камен pietra leccese, Пјаца Сант'Оронцо, римскиот амфитеатар, Базиликата Санта Кроче, Катедралата на Лече и бројните елегантни палати и цркви што го прават градот еден од најзначајните културно-историски центри во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки низ тесните калдрмисани улички, можност за ручек во некоја од традиционалните тратории, дегустација на локални специјалитети и уживање во атмосферата на плоштадите и малите бутици. Ноќевање.

  1. Октомври (Вторник) ЛЕЧЕ - ОСТУНИ – МОНОПИЛИ БАРИ - СКОПЈЕ

Појадок. Уживањето продолжува со попатна посета на белиот град Остуни – еден од најживописните градови во Апулија, познат како „Белиот град“ поради неговите куќи варосани во бело, кои се издигаат на рид со прекрасен поглед кон Јадранското Море. Следува прошетка низ историскиот центар, низ лавиринтот од тесни улички, скалести премини и мали плоштади, со можност да се посетат Катедралата и бројните локални продавници со традиционални производи. Патувањето продолжува кон Монополи – шармантен приморски град со автентично старо градско јадро, живописно рибарско пристаниште и импресивни средновековни градби. Трансфер до Аеродромот во Бари, полетување за Скопје во 22:45 и пристигнување во 23:50 часот.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Бари-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфери според програмата
  • Сместување во Хотел Victor 4* во центарот на Бари, на база 2 ноќевања со појадок https://www.victorhotelbari.it/en/
  • Сместување во Хотел Pietrablu Resort 4* во близина на Полињано а Маре, на база 1 ноќевање со појадок https://cdshotels.it/en/pietrablu-resort-spa/
  • Сместување во Хотел Arryvo 3* центарот на Лече , на база 2 ноќевање со појадок https://arryvo.com/
  • Организирани прошетки според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелите на рецепција)
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Билети за јавен превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето