30.12.2026 – 01.01.2027
Дочекајте ја Новата 2027 година во празнично украсениот Солун, градот на морето, добрата храна и незаборавната атмосфера. Уживајте во новогодишната магија, прошетките низ центарот, божиќните базари и празничната атмосфера на еден од најубавите грчки градови. Ноќевање.
30.12.2026 СКОПЈЕ – СОЛУН
Состанок на групата пред Дрво Декор во 03:30 часот. Поаѓање кон Солун во 04:00 часот, со попатни паузи по потреба. Пристигнување во Солун и организиран разглед на градот и неговите културно историски знаменитости со водич. По краток одмор заминување кон хотелот и сместување во хотелот. Oпционално класична вечера со доплата во хотел од 19:00 до 22:00 часот. Слободни активности во централниот дел на Солун. Ноќевање.
31.12.2026 СОЛУН
Појадок По појадокот, слободно време. Прошетајте низ празнично украсеното срце на градот, каде што можете да уживате во божиќни украси, слатки, традиционални грчки специјалитети, топли пијалаци и празнична атмосфера, за индивидуални активности во центарот на градот каде ќе го почувствувате во права сила Солун со Поминете го 31 декември во Солун, градот кој во празничниот период блеска во илјадници светилки и нуди прекрасна атмосфера за сите генерации! Уживајте во еден од најпознатите плоштади во Солун, украсен со голема новогодишна елка и празнична декорација. Идеално место за прошетка, фотографии и уживање во новогодишната атмосфера и воедно љубителите на шопинг за празничен шопинг кој е совршен ден за кафе низ најпознатите улици на Солун Tsimiski, Aristotelous, Mitropoleos, кои се наоѓаат во централниот дел до нашиот хотел. Слободно време. Oпционално класична вечера со доплата во хотел од 19:00 до 21:30 часот. Во вечерните часови индивидуално ќе имаат можност да присуствуваат на традиционалната новогодишна програма која секоја година се организира на градскиот плоштад, со богата музичка програма и празнична атмосфера со пречек на Новата 2027 година. Опционално ( класична вечера во хотелот или во Грчка Таверна). Ноќевање.
01.01.2027 СОЛУН- СКОПЈЕ
Доцен појадок до10:30 часот.Слободно време за индивидуални активности заминување кон Скопје во договорено време со пратителот на патувањето попатни паузи по потреба. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
| Термин ► | 30.12.2026 - 01.01.2027 |
| Редовна цена | 169€ |
ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО
Автобуски превоз на наведена релација
Сместување во хотел ABC 4* https://hotelabc.gr/ -Солун
2 ноќевања на база на шведска маса
Пратител на патувањето
Организација и водство
ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО
Туристичка такса се плаќа на рецепција 1.5 € од ноќевање
Индивидуални влезници
Опционална класична вечера во хотел 17 € на 30.12 и 31.12
Опционална вечера во Грчка Таверна
Патничко осигурување – 5 €
Од информативен карактер:
Посебни услови за осигурување од одговорност на туристички агенции и Клиент- Договорувач на патувањето или носител на пријаваПатникот потврдува дека е целосно запознаен со програмата на патувањето, Општите услови за патување и отказната политика на агенцијата и дека истите ги прифаќа во целост. Сите евентуални барања за отказ, измена или рефундација ќе се разгледуваат исклучиво согласно одредбите од потпишаниот договор, важечките Општи услови и релевантните законски прописи. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е10 дена пред поаѓање.Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 38 патници доколку не е договорено поинаку При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира иститеАгенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Начин на плаќање: со сите можни картици, фактура или во готово.
Штип
+389 32 618 999; +389 78 419 995
Кирил и Методи 26, 2000 Македонија
Струмица
+389 34 609 990; +389 77 507 556
Јосиф Јосифовски 1, 2400 Македонија