Book Now!
sav*na


Вилата Soula се наоѓа на оклу 100 метри од песочната плажа. Нејзината внатрешна организираност, се каракеризира со убаво уредени 1/3 студија, распоредени на првиот кат. Во близина на вилата се неколку супер маркети, продавници и ресторани. Студијата со број 2,3 и 4 се ориентирани кон улица (предна страна), собите со број 1 и 5 се ориентирани кон задната страна на објектот и имаат голем балкон.


ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
Престој во термин: Услуга (Ноќевање) STD 1/3 (3 лица)
24.05 - 31.05.2026 7 166 € 
31.05 - 07.06.2026 7 217 € 
07.06 -14.06.2026 7 260 € 
14.06 - 21.06.2026 7 311 € 
21.06 - 28.06.2026 7 342 € 
28.06 - 05.07.2026 7 376 € 
05.07 - 12.07.2026 7 414 € 
12.07 - 19.07.2026 7 434 € 
19.07 - 26.07.2026 7 477 € 
26.07 - 02.08.2026 7 525 € 
02.08 - 09.08.2026 7 525 € 
09.08 - 16.08.2026 7 525 € 
16.08 - 23.08.2026 7 500 € 
23.08 - 30.08.2026 7 454 €
30.08 - 06.09.2026 7 414 € 
06.09 - 13.09.2026 7 376 € 
13.09 - 20.09.2026 7 314 
20.09 - 27.09.2026 7 241 € 

  • Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)

*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).


ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
- За употреба на клима уред (ac+) во SOULA се доплатува во објектот (7€ / ден, каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 2€ (се плаќа во објектот).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)
Цена на автобуски превоз во еден правец: 35 EUR (возрасен / дете)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  04:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  04:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  05:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  05:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  06:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)


Поаѓање од Грција:
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.


Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2025 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти - EB):
- 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
- 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;


Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.