Duration: 29.12.2024
Price: 169€Распродадена : 139€
Book Now!
стфф


НОВА ГОДИНА ВО ТЕМИШВАР И СИБИУ


Ден 1 / 29.12.2024
Состанок на група кај хотел Русија во 22:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани (Суд) Штип (Лукоил бензинска на излез) и Куманово (Макпетрол). Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

Ден 2 / 30.12.2024
Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа,Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… По разгледот имаме слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор. Вечерта имаме посета на уникатниот божиќниот маркет во Темишвар, на по една чаша греано вино и уживање во божиќната атмосфера. Враќање во хотел. Ноќевање

Ден 3 / 31.12.2024
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула). Замокот има непробојни ѕидови, некогаш подвижен мост, а сега статичен и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетиме огромната зандана и комора за мачење, како и остатоците од “Јамата”, кoja што е поврзана со една народна легенда. Отако ќе завршиме со прошетката на Замокот се упатувам кон градот на божиќните маркети во Романија, Сибиу. Oвде ве очекува CHRISTMAS SURPRISE бидејќи божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, божиќните песни ќе ве понесат низ предновогодишната атмосфера што никогаш нема да посакате да го напуштите ова место. Како бонус го имате панорамското тркало, рингишпилот и миленикот на децата- куќата на Дедо Мраз. Слободно време. Враќање во Темишвар и Дочек на Нова Година 2025 Враќање во хотел. Ноќевање

Ден 4 / 01.01.2025
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Слободно време околу 3 часа за шопинг, прошетка низ улицата Кнез Михаилова или индивидуална прошетка низ Калемегдан. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови пред полноќ во Скопје.


Цена на аранжманот: 169 евра

ПРОМО ЦЕНА 139 ЕВРА


Во цената е вклучено 

  • Aвтобуски превоз на дадената релација.
  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар.
  • Разглед на Темишвар со локален водич.
  • Посета на Белград.
  • Туристички придружник од агенција.

Во цената не е вклучено 

  • Вечерна посета во Темишвар- 5€
  • Пакет – Посета на Сибиу и замокот Корвин со вклучена влезница – 60€/ 55 евра за студенти со приложување на индекс
  • Туристичка такса – задолжителна доплата во автобус- 2€
  • Патничко осигурување(200мкд)
  • Индивидуални трошоци

  • Доплата за еднокреветна соба- 50  евра плус од моменталната сума на аранжманот.
  • За деца до 3 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
  • За деца со полни 3 год. до неполни 12 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.

Напомени 

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници .
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд .
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo .
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства .
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена .
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација .