Duration: 05 Mar 2027 - 10 Mar 2026
Price: 229€Промо цена : 199€
Book Now!
нех
х


Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана… славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина… Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре… Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии… Магијата на Чинкветере е неповторлива…


1 ден   05.03.2027 • Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 10:00ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден   06.03.2027 • Болоња – Монтекатини 

Во раните утрински часови ( во зависност од границите) пристигнување во Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и  врвна Болоњска  кујна.Патувањето продолжува накај Монтекатини. Очекувано пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки, можност за искачување до Монтекатини Алто со автентичен Фуникулар од 19 век. Ноќевање.

3 ден  07.03.2027  • Монтекатини – Cinque Terre – Монтекатини

Појадок.После појадкот заминување  на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Speziaод каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Посета на четири села во регионот на Чинкве Тере… живописни селца, шарени куќички распослани по карпите, тесни романтични улички и бескрајни погледи кон тиркизното море. Прошетка низ Чинкве Тере е вистинско уживање во италијанскиот шарм, каде што секое катче изгледа како разгледница. Уживајте во мирисот на морето, вкусното италијанско џелато и незаборавната атмосфера на едно од најубавите крајбрежја во Италија!   Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

4 ден  08.03.2027  • Монтекатини – Сиена – Сан Џимињано – Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio…Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignanoтипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Ноќевање.

5 ден  09.03.2027 • Монтекатини – Фиренца – Скопје

Појадок. После појадокот заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Прошетка низ градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО… По посетата на Фиренца Ве водиме во Outlet Shoping Centar Barberino. Слободно време за шопинг. Во вечерните  часoви  поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден  10.03.2026 • Скопје

Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.


Промотивна цена на аранжманот за резервации до 15.12.2026: 199€ /12.340 ден.

Редовна цена: 229€ / 14.200 ден.


Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  • Сместување во хотел Hotel Thereme Palace на база 3НП (ноќевање со појадок) во срцето на Монтекатини
  • Попатна посета на Болоња
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

Не е вклучено

  • Патничко здравствено осигурување (без франшиза) - 300 ден (цена за лица до 60 години)
  • Туристичка такса (3€ на ден по лице, се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Фиренца - 40€ (се плаќа во агенција)
  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич) - 60€
  • Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, водич) - 60€
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ Целодневен излет на Cinque Terre + Посета на Сиена и Сан Џимињано - 110€
  • Доплата за еднокреветна соба – 4.960 ден.
  • Доплата за седиште по избор 20€ по лице
  • Доплата за дополнително седиште 150€
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.