Duration: 18.10.2026 – 22.10.2026
Price: 749€
Book Now!

 

фиб

18.10.2026 – 22.10.2026
5 ДЕНА / 4 НОЌИ – АВИОНСКИ И БРОДСКИ ПРЕВОЗ
ЦЕНА : 749€

 

САВОНА – шармантен приморски град во регионот Лигурија, на северозападниот брег на Италија. Позната по своето богато поморско наследство, историскиот стар град и живописното пристаниште, Савона нуди совршен спој на култура, историја и медитерански дух. Посетителите можат да ја разгледаат импозантната тврдина Priamar, катедралата, музеите и автентичните улички исполнети со кафулиња и локални продавници.

БАРСЕЛОНА – еден од најпосетуваните градови во Европа, познат по својата уникатна архитектура, богата култура и медитерански шарм. Градот ги воодушевува посетителите со ремек-делата на Антони Гауди, меѓу кои се величествената Sagrada Família и Park Güell. Прошетката по познатата La Rambla, живописната Готска четврт и релаксацијата на плажата Barceloneta нудат незаборавно доживување.

МАРСЕЈ – најстариот и втор по големина град во Франција, сместен на брегот на Средоземното Море. Познат по своето живописно Старо пристаниште, богатото историско наследство и разновидната културна сцена, Марсеј нуди уникатен спој на традиција и современ медитерански начин на живот.

ЏЕНОВА – историски приморски град на северозападот на Италија, познат по своето големо пристаниште, тесните живописни улички и богатото поморско наследство. Автентичната атмосфера, величествените палати и медитеранскиот дух ја прават Џенова една од највпечатливите дестинации на Лигурискиот брег


ПРОГРАМА

1 ден – 18.10.2026 (недела) Состанок на групата на аеродромот во Скопје најмалку 2 часа пред лет. Директен лет од Скопје до Милано со полетување во 18:35 часот. Пристигнување во Милано во 20:35 часот. По пристигнувањето, организиран трансфер до Џенова. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден – 19.10.2026 (понеделник) Појадок во хотел. По појадокот следува панорамски разглед на Џенова, при што ќе ги видите главните знаменитости на градот: Via Garibaldi, Piazza De Ferrari, театарот Carlo Felice и катедралата San Lorenzo. Потоа заминување кон Савона и краток разглед на градот. По разгледот следува пријавување на бродот Costa Fascinosa Cruise. Испловување во 17:00 часот. Вечера и ноќевање на бродот.

3 ден – 20.10.2026 (вторник) Појадок. Појадок на бродот. Пристигнување во Барселона во 14:00 часот. Можност за факултативен разглед на градот. Ручек на бродот. Испловување во 19:30 часот. Вечера и ноќевање на бродот.

4 ден – 21.10.2026 (среда) Појадок на брод. Пристигнување во Марсеј во 09:00 часот. Можност за факултативен разглед на градот. Ручек на бродот. Испловување во 17:00 часот. Вечера и ноќевање на бродот.

5 ден – 22.10.2026 (четврток) Појадок на бродот. Пристигнување во Савона во 08:30 часот. По пристигнувањето, трансфер до Милано. Следува разглед на Милано со посета на Piazza del Duomo, величествената катедрала Duomo di Milano, галеријата Galleria Vittorio Emanuele II и театарот La Scala. Потоа организиран трансфер до аеродромот во Милано. Полетување за Скопје во 21:25 часот. Пристигнување во Скопје во 23:15 часот.


Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет на релација Скопје – Милано – Скопје со Wizz Air.
  • Аеродромски и пристанишни такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Милано 3*
  • 3 ноќевања на бродот Costa Fascinosa Cruise
  • Појадок, ручек и вечера на бродот
  • Шоу, караоке, влез во дискотека, сауна и разни активности на бродот.
  • Автобуски тури и придружба во Џенова и Милано
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
  • Туристичка такса

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Сè што не е наведено во програмата
  • Влезници за во објектите и културно-историските споменици
  • Екскурзиите наведени во програмата како „факултативни“, како и турите организирани од страна на крузерот.
  • Автобускиот превоз за време на пристанишните застанувања во Барселона и Марсеј, како и трансферите при излегување од бродот, не се вклучени во основната цена. Ќе се користи локален превоз кој се плаќа дополнително.
  • Бакшишот за крстарењето е 10 евра за возрасни и 5 евра за деца по ноќ. Се фактурира и се плаќа на рецепција.
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот.

Важна напомена:
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување.
4. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до
патниците, поради виша сила или други настанати околности.


Општи услови за европски дестинации со WizzAir:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €
  • Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците