Венеција – Господарка на Јадранот… чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал…Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади… Најуникатен град на планетата Земја… во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила… денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже… едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.
Термин: 06 Март 2027
1 ден 06.03.2027 • Скопје
Состанок на групата во 09:30 ч на паркингот на спортски центар Борис Трајковски ( кај пералната). Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Денско и Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 07.03.2027 • Трст – Outlet Shoping centar Palmanova – Лидо Ди Јесоло
Очекувано пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо… Слободно време за индивидуални прошетки.Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесолосо попатна посета на Outlet шопинг центар Palmanova. Во попладневните часови пруистигнување во Лидо. Сместување во хотел. Слободна вечер за прошетки низ Лидо. Ноќевање.
3 ден 08.03.2027 • Лидо Ди Јесоло – Болоња
Појадок. По појадокот препорачуваме посета на Болоња. Болоња, величенствен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун… Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела… учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и врвна Болоњска кујна. . Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.
4 ден 09.03.2026 • Лидо Ди Јесоло – Венеција
Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.
5 ден 10.03.2026 • Скопје
Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.
Цена за резервации до 15.12.2026: 169 евра / 10.480 ден
Редовна цена на аранжманот: 189 евра / 11.720 ден
НАПОМЕНИ: