Duration: 05 Dec 2025 - 09 Dec 2025
Price: 239€ Рана резервација до 25.10.2025 : 209€ 
Book Now!
ана


ВИЕНА – МАЕРЛИНГ – СЕЕГРОТЕ – БРАТИСЛАВА
Божиќна магија во срцето на Европа
Термин: 05 – 09 Декември 2025
5 дена / 2 ноќевања


1 ДЕН | 05.12.2025 | БИТОЛА - СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата во 14:00 часот на паркингот пред спортската сала. Попатни застанување во Скопје за качување на патниците. Поаѓање кон Виена преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ДЕН | 06.12.2025 | ВИЕНА
Добредојдовте во Виена – градот на валцерот, елеганцијата и празничната магија! По пристигнувањето, ве очекува панорамски разглед со локален водич: ќе ги видите најпознатите знаменитости – Рингштрасе, Операта, Парламентот, Ратхаус, Белведере, како и споменикот на Марија Терезија.  Продолжуваме со прошетка низ историското срце на Виена – дворецот Хофбург, катедралата Св. Стефан и уличките исполнети со духот на старата монархија. Попладнето е резервирано за уживање: посетете ги божиќните базари, почувствувајте ја топлината на празничните светла, мирисот на греано вино и звуците на класичната музика што го исполнуваат воздухот. Виена навистина блеска во овој период – романтична, величествена и полна живот! Ноќевање.

3 ДЕН | 07.12.2025 | ШЕНБРУН – МАЕРЛИНГ – СЕЕГРОТЕ (ВИЕНСКА ШУМА)
Појадок.Започнете го денот со незаборавна факултативна посета на дворецот Шенбрун – симбол на империјалниот сјај и елеганција на Хабсбурговците. Ќе ги прошетаме раскошните сали каде некогаш одекнувала музиката на Моцарт и ќе ги откриеме тајните на монарсите Марија Терезија, Наполеон и Франц Јосиф. Потоа ќе отпатуваме во Виенската шума, зелениот рај на Австрија. Во Маерлинг, ќе ја чуеме најпознатата љубовна приказна на австриската аристократија – трагичната судбина на принцот Рудолф и баронесата Марија Ветсера. Следи посета на Сеегроте Хинтербрил, најголемото подземно езеро во Европа. Ќе се спуштиме во свет исполнет со мистерија и убавина, ќе пловиме по подземните води и ќе ја почувствуваме магијата која ги инспирирала филмските творци на „Трите мушкетари“. Враќање во Виена во вечерните часови – време за вечерна прошетка, светкави излози, празнични украси и мирис на греано вино. Ноќевање.

4 ДЕН | 08.12.2025 | ВИЕНА – БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ
Појадок. Денес го напуштаме хотелот и се упатуваме на факултативен излет кој комбинира култура, историја и уживање во шопингот! Првата станица е Братислава – шармантната престолнина на Словачка, сместена на бреговите на Дунав. Со локален водич ќе прошетаме низ нејзините живописни улички и ќе ги откриеме: Средновековниот плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, катедралата Св. Мартин, Словачкиот народен театар, како и елегантните барокни палати во кои музичарите Моцарт и Франц Лист оставиле свој белег. По разгледот – време за кафе, сувенири и релаксирана прошетка низ старата градска јадро. Во вечерните часови – поаѓање кон Македонија, со попатни паузи за одмор. Ноќно возење со убави впечатоци од австриската и словачката авантура.

5 ДЕН | 09.12.2025 | СКОПЈЕ - БИТОЛА
Пристигнување во Скопје и Битола  во пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за Резервации до 25 октомври: 209 € со задолжителна резервација на пакетот факултативи, (плаќање на факултативите во автобус)

Редовна цена: 239 € 


Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 4* www.dormero.de/hotel-wien/
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален водич – 20 €
  • Посета на дворецот Шенбрун фото стоп + излет до Маерлинг и Сеегроте со вклучени влезници– 70 €
  • Излет Братислава (превоз + водич) – 50 €-задолжителна факултатива
  • Пакет излети: 120 €
    (Разглед на Виена + Шенбрун + Маерлинг и Сеегроте + Братислава)
  • Туристичка такса: 8 еур. (се плаќа во автобус)
  • Патничко осигурување: 250 ден.
  • Доплата за еднокреветна соба: 5.500 ден.
  • Попусти за деца до 11.99 год: - 20 % на вкупната цена на аранжманот
  • Доплата за избор на седиште во автобус: 20 €

Напомена:

  • За реализација на програмата потребен е минимум 40 патници
  • Плаќање во денарска противвредност: 1 € = 62 ден.