Book Now!
atl.ts.kav

Вилата Maria Pashalidou е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со еден двокреветен и три трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Локација : Villa-Maria-Nea-Roda

Апартман бр.3 (прв спрат) - Вила Maria Pashalidou
Простран трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три  единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.5 (прв спрат) - Вила Maria Pashalidou

Дуплекс бр.6 (прв спрат) - Вила Maria Pashalidou
Петкреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби и целосно издвоена кујна. Се наоѓа на првиот спрат во вилата. Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот е поставен клима уредот чие користење е вклучено во цената. Во првата просторија се наоѓа  кујната која е опремена со мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Втората просторија е спална соба во која има еден дупли кревет со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од спалната соба се излегува на долга тераса опремена со пластични маси и столчиња која има страничен поглед кон морето. Во третата просторија има уште една спална соба со три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер и телевизор. Од собата се излегува на истата тераса од првата спална соба која е заштитена со тенда. Купатилото е со нормална големина, опремено е со када.

Апартман бр.2 (втор спрат) - Вила Maria Pashalidou
Трокреветен апартман со една посебна спална соба одделена со врата од кујната. Се наоѓа на вториот спрат во вилата. Во просторот пред спалната соба  на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната: мини електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во купатилото. Во спалната соба има три единечни кревети со нормални димензии, гардеробер, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од собата се излегува на пространа тераса која е опремена со пластична маса и столчиња и има директен поглед на море. Собата е заштитена со ролетни и комарници.

Апартман бр.5 (втор спрат) - Вила Maria Pashalidou