стдд
ЛЕТО 2026 -АМАРИЛИА СТУДИОС-РАХОНИ, ТАСОС
Амарилиа Студиос е убава семејна вила која нуди студија за две, три и четири лица, на приземје и прв кат. Се наоѓа во местото Скала Рахони, на само 150метри од песочната плажа која има тиркизно, кристална чиста вода, со постепена длабочина и природна сенка. Доаѓајќи од Лименас, од левата страна на главниот пат, ќе видите знак на кој пишува Амарилиа. Штом свртите, вилата ќе биде од ваша десна страна. Во склоп на вилата има прекрасна градина полна со маслинови дрва, вградена скара, простор со маса и столици за дружба. Достапен е и паркинг во околината каде можете слободно да се паркирате. Вилата е оддалечена 1км од центарот на Скала Рахони и 8км од Лименас. Сите студија имаат целосно опремена кујна, телевизор, клима уред, балкон, бања, фен и WiFi интернет. Чистењето се врши секој ден, додека постелнината и крпите се менуваат на три дена. *Двокреветните студија имаат два единечни кревети или еден брачен кревет (со два споени душеци), исто така има и софа/фотелја која се пушта и на која може да спие дете до 5,99год. Третиот кревет во трокреветните студија може да биде стандарден кревет или дополнителен кревет. *Четворокреветните студија се опремени со два единечни кревети и кревети на спрат.
20% ПОПУСТ до 30.12.2025
на цените во табелата (минимум уплата од 50%)ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026
| Термини |
1/2 студио |
1/3 студио |
1/4 студио |
| 05.06.-12.06.2026 |
239 € |
259 € |
299€ |
| 12.06.-19.06.2026 |
359 € |
389 € |
409 € |
| 19.06.-26.06.2026 |
429 € |
469 € |
499€ |
| 26.06.-03.07.2026 |
479 € |
509 € |
539 € |
| 03.07.-10.07.2026 |
509 € |
539 € |
569 € |
| 10.07.-17.07.2026 |
599 € |
629€ |
659 € |
| 17.07.-24.07.2026 |
599 € |
629 € |
659 € |
| 24.07.-31.07.2026 |
9 € |
629 € |
659 € |
| 31.07.-07.08.2026 |
9 € |
669 € |
699 € |
| 07.08.-14.08.2026 |
639 € |
669 € |
699 € |
| 14.08.-21.08.2026 |
599 € |
629 € |
659 € |
| 21.08.-28.08.2026 |
599 € |
629 € |
659 € |
| 28.08.-04.09.2026 |
449 € |
479 € |
509 € |
| 04.09.-11.09.2026 |
389 € |
409 € |
429 € |
| 11.09.-18.09.2026 |
259 € |
279 € |
229€ |
Во цената е вклучено:
- Наем на стутио за 7 ноќевања/8 дена
- Wi-Fi интернет
Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса 2 еур. на ден (се плаќа во агенција)
- Користење на клима
- Здравствено и патничко осигурување
Цена за превоз:
- Превоз со вклучен траект - возрасен 80€
- Деца од 1.99 до 11.99 години со траект 65€
- Дете до 1.99 години – бесплатно
НАПОМЕНИ:
- ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио за 7 ноќевања.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
- Датумот во табелата е термин на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано.
- Патникот е должен минимум 48 часа (два дена) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
- За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени. (Попустите не се комбинираат)
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
- Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 5.99 години во кревет со двајца возрасни.
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.