Book Now!
с*а


Локација : Greece,Nei-Pori-villa Anastasios

Villa Anastasios е лоцирана на втората линија објекти, на околу 100 метри од плажата во централниот дел на Неи Пори. Сместувањето во нејзе е организирано во студија кои се наоѓаат на првиот кат. Куќата се наоѓа во мирниот дел на Неи Пори, во близина на неколку продавници и тивки ресторани. Одлична е за семејства со помали деца. Студијата се опремени со тоалет и туш, мини кујна, балкон, ТВ и клима уред. Како објект кој веќе петта сезона се наоѓа во нашата понуда, оваа вила е секако една од најпрепознатливите објекти од летната понуда


ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА


Престој во термин: Услуга (Ноќевање) STD 1/2+1 (3 лица)
24.05 - 31.05.2026 7 153  131 €
31.05 - 07.06.2026 7 199  170 €
07.06 -14.06.2026 7 239  204 €
14.06 - 21.06.2026 7 287  244 €
21.06 - 28.06.2026 7 314  267 €
28.06 - 05.07.2026 7 346  295 €
05.07 - 12.07.2026 7 381 € 324 €
12.07 - 19.07.2026 7 399 € 340 €
19.07 - 26.07.2026 7 439 € 374 €
26.07 - 02.08.2026 7 483 € 411 €
02.08 - 09.08.2026 7 483 € 411 €
09.08 - 16.08.2026 7 483 € 411 €
16.08 - 23.08.2026 7 460  391 €
23.08 - 30.08.2026 7 418  356 €
30.08 - 06.09.2026 7 381  324 €
06.09 - 13.09.2026 7 346  295 €
13.09 - 20.09.2026 7 289  246 €
20.09 - 27.09.2026 7 222  189 €

Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)


Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
* Доплата за туристичка такса 2€ (се плаќа во објектот).
* Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан Hotel DIONISIOS (информации во агенцијата)

Возрасен 125 €
Дете 2 - 12 год 75 €

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) 
Цена на автобуски превоз во еден правец: 35 EUR (возрасен / дете)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  04:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  04:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  05:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  05:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  06:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)


Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.


Прв кат:
- Студио. бр.1, тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 120 cm и еден единечен кревет со ширина 90 cm). Поглед кон улица, кон Хотел Платон.
- Студио бр.2, тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 130 cm и еден единечен кревет со ширина 100 cm). Поглед кон соседна вила.
- Студио. бр.3, тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 120 cm и еден единечен кревет со ширина 100 cm). Поглед кон улица, кон Хотел Платон.
- Студио. бр.4, тип 1/2+1 (еден брачен кревет со ширина 120 cm и еден единечен кревет со ширина 100 cm). Поглед кон соседна вила.

Сите студија се трокреветни (еден брачен и еден единечен кревет), со кујна опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV и  клима, маса и столчиња, ( соодветно на бројот на кревети). Прозорот е од балконската врата, нема комарник, но има ролетна.  Тоалетот е со туш кадичка за стоење.