s*a
Студијата Dima се наоѓаат на високо приземје од истоимениот објект во Лептокарија, лоциран на само триесетина местри од градската песочна плажа. Нивната локација, како и квалитетната и модерна опременост, во првата година на нивното работење е вистинскиот мотив за ваш вистински избор. Студијата освен со современиот мебел, опремени се и со сите потребни апарати, тв и клима уред, како и убаво уредени тераси за комфорен престој во текот на летните месеци.
Локација : Villa-Dima
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
| Престој во термин: | Услуга (7 ноќевања) | STD 1/3 (3 лица) | STD 1/3+ еxb (4 лица) |
| 24.05 - 31.05.2026 | 7 | 153 € | 164 € |
| 31.05 - 07.06.2026 | 7 | 199 € | 220 € |
| 07.06 - 14.06.2026 | 7 | 239 € | 263 € |
| 14.06 - 21.06.2026 | 7 | 287 € | 316 € |
| 21.06 - 28.06.2026 | 7 | 314 € | 346 € |
| 28.06 - 05.07.2026 | 7 | 346 € | 381 € |
| 05.07 - 12.07.2026 | 7 | 381 € | 419 € |
| 12.07 - 19.07.2026 | 7 | 399 € | 440 € |
| 19.07 - 26.07.2026 | 7 | 439 € | 483 € |
| 26.07 - 02.08.2026 | 7 | 483 € | 532 € |
| 02.08 - 09.08.2026 | 7 | 483 € | 532 € |
| 09.08 - 16.08.2026 | 7 | 483 € | 532 € |
| 16.08 - 23.08.2026 | 7 | 460 € | 506 € |
| 23.08 - 30.08.2026 | 7 | 418 € | 461 € |
| 30.08 - 06.09.2026 | 7 | 381 € | 419 € |
| 06.09 - 13.09.2026 | 7 | 346 € | 381 € |
| 13.09 - 20.09.2026 | 7 | 289 € | 318 € |
| 20.09 - 27.09.2026 | 7 | 222 € | 245 € |
Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава.
- Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Доплата за туристичка такса 2€ (се плаќа во објектот).
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
- ** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)
Цена на автобуски превоз во еден правец: 35 EUR (возрасен / дете)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 04:00 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во 04:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 05:00 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 05:30 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 06:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
- Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
- Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
- Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
- Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
- Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат; - Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
- Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
- Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
- Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
- Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .
ВНИМАНИЕ!
- Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
- Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.