Book Now!
с*а


Локација : Greece,Olympic Beach-villa Elefteria

Вила Елефтериа се наоѓа наспроти вила Акрополис во Олимпик Бич, на околу 150м од плажа, опкружена со убаво зеленило. Во својот состав располага со 16 студија распоредени на приземје и 3 ката .Располага со голем двор со плочник со маса и место за багаж. Сите студија имаат клима и ТВ, сопствен балкон со тенда.


ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА 
Престој во термин: Услуга (Ноќевања + превоз по лице) STD 1/2 (2 лица) STD 1/2+1 (3 лица) APT1B 1/2+1 (3 лица)
24.05 - 31.05.2026 7 120 € 126 € 131 €
31.05 - 07.06.2026 7 156 € 165 € 171 €
07.06 -14.06.2026 7 187 € 198 € 204 €
14.06 - 21.06.2026 7 224 € 237 € 245 €
21.06 - 28.06.2026 7 246 € 260 € 269 €
28.06 - 05.07.2026 7 271 € 286 € 296 €
05.07 - 12.07.2026 7 298 € 314 € 325 €
12.07 - 19.07.2026 7 313 € 330 € 342 €
19.07 - 26.07.2026 7 344 € 363 € 375 €
26.07 - 02.08.2026 7 378 € 399 € 413 €
02.08 - 09.08.2026 7 378 € 399 € 413 €
09.08 - 16.08.2026 7 378 € 399 € 413 €
16.08 - 23.08.2026 7 360 € 380 € 393 €
23.08 - 30.08.2026 7 327 € 346 € 358 €
30.08 - 06.09.2026 7 298 € 314 € 325 €
06.09 - 13.09.2026 7 271 € 286 € 296 €
13.09 - 20.09.2026 7 226 € 238 € 247 €
20.09 - 27.09.2026 7 174 € 184 € 190 €

Цените се дадени за наем на студио за 7  ноќевања.


Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).


ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

За употребата на клима уред (ac+) се доплатува во објектот (3-5€/на ден, каде што е достапен).
Доплата за туристичка такса 2 € од ноќевање, по соба, се плаќа во агенција.
Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) 
Цена на автобуски превоз во еден правец: 35 EUR (возрасен / дете)


Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  04:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  04:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  05:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  05:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  06:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)


Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.


Услови на плаќање 
Во случај на резервации со превоз или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со попуст (рани попусти - EB):
- Попустот за рана резервација важи за ограничен број на соби, до датумот објавен во табелата или до повлекување на понудата!
- При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата.
- Доплатата на вкупниот износ од договорената цена, се врши до 3 недели пред датумот на патување.
* Уплатениот износ од 50% не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.


ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите
и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
 Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .


ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.