Book Now!
sav


Villa Filipos се наоѓа во непосредна близина на главната улица која од централниот дел на Лептокарија води до главното шеталиште и плашата на ова познато туристичко место. На оддалеченост од само педесетина метри од градската плажа, во нејзино опкружување се наоѓаат и мноштво продавници, ресторани, маркети и пекари потребни за организирање на соодветен летен пресој. Во состав на вилата се вбројуваат десетина студија за поединечен комфорен престој на 3 или 4 лица. Секоја единица е опремена со сопствена кујна, тоалет, тераса, како и ТВ и клима. Вилата е целосно реновирана во текот на 2020 година и е еден од најквалитетните објекти од нашата летна понуда за сместување во студија и апартмани во Грција.
* Објектот е "pet friendly" и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.

 PET FRIENDLY ОБЈЕКТ

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА


Престој во термин: Услуга (7 ноќевања) STD 1/2 + exb
(3 лица)
STD LB 1/2 + еxb
(3 лица)
STD 1/3 + exb
(4 лица)
STD LB 1/3 + exb
(4 лица)
24.05 - 31.05.2026 153 €   157 €   164  € 168 €  
31.05 - 07.06.2026 199 €   205 €   214 € 220 €  
07.06 - 14.06.2026 239 €   246 €   256 €   263 €  
14.06 - 21.06.2026 287 €   295 €   307 € 316 €  
21.06 - 28.06.2026 314 €   323 €    337 €   346 €
28.06 - 05.07.2026 346 €   356 €   371 €   381 €
05.07 - 12.07.2026 381 €   392 €   408 €   419 €
12.07 - 19.07.2026 399 €   411 €   428 €   440 €
19.07 - 26.07.2026 439 €   452 €    471 €   483 €  
26.07 - 02.08.2026  483 €   497 €   518 €  532 €
02.08 - 09.08.2026 483 €   497 €   518 € 532 €
09.08 - 16.08.2026 483 € 497 €   518 € 532 €
16.08 - 23.08.2026 460  € 473 €  493 €   506 €  
23.08 - 30.08.2026 418 €  430 €  448 €   461 €  
30.08 - 06.09.2026 381 €   392 €   408 € 419  €
06.09 - 13.09.2026 346 €   356 €    371 €   381  €
13.09 - 20.09.2026 289 €   297 €   309 €  318  €
20.09 - 27.09.2026 222 €   229 €   238 € 245 €

Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
* Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

* За употреба на клима уред (ac+) во FILIPOS се доплатува во објектот (7 €/на ден, каде што е достапен)
* Доплата за туристичка такса 2 € (се плаќа во објектот).
* Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
* Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

* Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)
* Цена на автобуски превоз во еден правец: 35 EUR (возрасен / дете)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  04:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  04:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  05:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  05:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  06:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)


ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
* Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .


ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

*