Оваа убава и комфорна вила се наоѓа во мирниот дел од центарот на Нидри. Пред вилата се наоѓа базен со бар кој може слободно да се користи. Локација: 400 метри од градската плажа и 300 метри од центарот на градот. Апп 02 и 03 се сместени на приземје, први и втори спрат и поседуваат два или три стандардни кревети, одвоена кујна (фрижидер, решо со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш када, ТВ, клима и тераса со гарнитура за седење. Апп 04 се наоѓаат на први и втори спрат. Поседуваат две спални соби со по два кревети, две тераси со гарнитура за седење, одвоена кујна (фрижидер, решо со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), купатило со туш када, ТВ, клима која е вклучена во цената.
Локација Villa KONSTANTIS~Nidri Lefkada
ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА БРОЈ НА НОЌЕВАЊА ПО ЛИЦЕ, БЕЗ ПРЕВОЗ
| Услуга | мај.31 | јун.10 | јун.20 | јун.30 | јул.11 | јул.21 | авг.01 | авг.11 | авг.22 | сеп.01 | сеп.12 | сеп.22 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Број на ноќевања | 10 | 10 | 10 | 11 | 10 | 11 | 10 | 11 | 10 | 11 | 10 | 10 |
| Апп 02 по лице | 89 | 149 | 199 | 299 | 349 | 379 | 369 | 379 | 359 | 279 | 229 | 149 |
| Апп 03 по лице | 79 | 129 | 179 | 249 | 299 | 319 | 309 | 319 | 299 | 229 | 179 | 119 |
| Апп 04 по лице | 69 | 99 | 149 | 199 | 279 | 299 | 289 | 299 | 279 | 179 | 149 | 109 |
| Family club* 1 дете од 2-14 год. | 49 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 59 | 49 |
НАПОМЕНА за ЛЕФКАДА лето 2025 Грција- Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
- Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
- Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
ТУРИСТИЧКА ТАКСАОд 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување. Очекуван износ на туристичката такса за 2025 године е 2 евра по студио / апартман на ден