Book Now!
с*а


Локација : Greece,Nei-Pori-villa Maggas

Вилата Магас се наоѓа на 150м од песочната плажа, во убаво уреден двор. Внатрешната организираност и тивкиот престој се идеални за мирен и убав одмор. Вилата е на високо приземје и кат. Во близина на вилата се наоѓаат два мини маркети.
Приземје:
Студио. бр.5, тип 1/2 + 2 (еден брачeн кревет со ширина 120 cm и еден брачен кревет со ширина 110 cm)
Прв кат:
Студио. бр.6, тип 1/2+ 1 (еден брачен кревет со ширина 120 cm и еден единечен кревет 90 cm)
Студио
. бр.7, тип 1/2+2  (еден брачен со ширина 140 cm и еден брачен со ширина 120 cm)
Студио бр.8, тип 1/2+2   (два брачни кревети со ширина по 120 cm и  една софа)
Апартман бр.9, тип 2/2+1   (еден  брачен кревет од 120 cm, еден брачен кревет од 110 cm и два еденечни кревети по 90 cm)
Сите апартмани се опремени  со кујна одвоена од спалната, (освен во студио бр. 8), кујната е опремена со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети).  Прозорите имаат шибер ролетна, но немаат комарник. Тоалетот е со туш када за стоење.
Забелешка:
Апартман бр. 9, има одвоена кујна и две соби. Во едната соба има еден брачен и еден единечен кревет, а во другата соба има два единечни кревети.


ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА

Престој во термин: Услуга (Ноќевања) APT1B 1/2+1 (3 лица) APT1B 1/2+2 (4 лица) APT2B 2/2+1 (5 лица)
24.05 - 31.05.2026 7 157  134 € 166 € 142 € 237 € 202 €
31.05 - 07.06.2026 7 205  172 € 217 € 185 € 309 € 263 €
07.06 -14.06.2026 7 246  210 € 260 € 221 € 370 € 315 €
14.06 - 21.06.2026 7 295  251 € 311 € 265 € 444 € 378 €
21.06 - 28.06.2026 7 323  275 € 342 € 291 € 487 € 414 €
28.06 - 05.07.2026 7 356  303 € 376 € 320 € 536 € 456 €
05.07 - 12.07.2026 7 392  334 € 414 € 352 € 590 € 502 €
12.07 - 19.07.2026 7 411 € 350 € 434 € 369 € 619 € 527 €
19.07 - 26.07.2026 7 452 € 385 € 477 € 406 € 680 € 578 €
26.07 - 02.08.2026 7 497 € 423 € 525 € 447 € 749 € 637 €
02.08 - 09.08.2026 7 497 € 423 € 525 € 447 € 749 € 637 €
09.08 - 16.08.2026 7 497 €423  525 € 447 € 749 € 637 €
16.08 - 23.08.2026 7 473 € 403 € 500 € 425 € 713 € 607 €
23.08 - 30.08.2026 7 430  366 € 454 € 386 € 648 € 551 €
30.08 - 06.09.2026 7 392  334 € 414 € 352 € 590 € 502 €
06.09 - 13.09.2026 7 356  303 € 376 € 320 € 536 € 456 €
13.09 - 20.09.2026 7 297  253 € 314 € 267 € 447 € 380 €
20.09 - 27.09.2026 7 229  195 € 241 € 205 € 344 € 293 €
Цените се дадени за наем на студио за 7  ноќевања (без превоз)

Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).


ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Употребата на клима уред во MAGGAS е бесплатна (каде што е достапен).
- Доплата за туристичка такса 2€  (се плаќа во објектот).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан Hotel DIONISIOS (информации во агенцијата)

Возрасен 125 €
Дете 2 - 12 год 75 €

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)
Цена на автобуски превоз во еден правец: 35 EUR (возрасен / дете)


Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  04:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  04:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  05:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  05:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  06:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)


Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.


ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и  локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
 Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .