Book Now!
s*t


ПЕТРОВАЦ НА МОРЕ се наоѓа на пола пат помеѓу Будва и Бар и е едно од најубавите приморски места во Црна Гора. Ова мало приморско место е познато по кристално чистото море, долгата песочна плажа и историските знаменитости кои се наоѓаат во неговата околина го прават Петровац идеално место за фамилијарен одмор.
Градската плажа е долга околу 600м и заедно со плажата Личице се едни од најубавите на Јадранот. Во непосредна близина се наоѓаат и две островчиња, а на едното од нив е изградена и црквата Св. Недела.
ВИЛА РЕНОМЕ ВО ПЕТРОВАЦ НА МОРЕ, се наоѓа на 200м од плажата Лучице и 600м од градската плажа во Петровац. Вилата е идеален избор за сите оние кои сакаат убав фамилијарен одмор. Вила Реноме располага со студија за три лица и апартмани ( со една, две и три спални соби). Секоја соба (студио или апартман) е опремено со кујна, тоалет, клима, тв, тераса со поглед на море, инренет. Вилата има и базен со лежалки кој е на располагање само за гостите на вилата. Користење на базен од 09-21часот. За најмалите гости има и детско катче. Детско креветче – на барање (бесплатно). Вилата располага и со паркинг цена 5 евра дневно.


СМЕНА ПЕРИОД 7HB по лице
студио апартман
1 31.05-07.06 200 225
2 07.06-14.06 220 245
3 14.06-21.06 260 285
4 21.06-28.06 280 305
5 28.06-05.07 300 325
6 05.07-12.07 320 345
7 12.07-19.07 340 365
8 19.07-26.07 360 385
9 26.07-02.08 370 395
10 02.08-09.08 370 395
11 09.08-16.08 370 395
12 16.08-23.08 340 365
13 23.08-30.08 330 355
14 30.08-06.09 310 335
15 06.09-13.09 295 320
16 13.09-20.09 265 285
17 20.09-27.09 235 255

  • Цените се дадени по лице ( 7 ноќевања со појадок и вечера – шведска маса)
  • Деца до 4години ГРАТИС (при сместување со двајца возрасни)
  • Деца до 12години 50% попуст (при сместување со двајца возрасни)
  • 20% попуст за трето возрасно лице или деца над 12 години ( во студио 1/3)
  • За сместување во студио плаќаат мин 2 лица, а за сместување во апартмани мин 3 лица, освен за апп со 2 и 3 спални каде мин е 4лица
  • Доплата за автобуски превоз 45 евра за возрасни и 35 евра за деца до 12 год.
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место.

Поаѓање за Црна Гора: Скопје ,,Борис Трајковски, 05.00 часот

  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме. Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)


НАПОМЕНА

  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.