Duration: 30.12.2026 – 02.01.2027
Price: 285€
Book Now!
kam*li*ja


НОВА ГОДИНА ВО ВРЊАЧКА БАЊА

30.12.202 –02.01.2027

Врњачка Бања е едно од најпознатите бањски и туристички места во централна Србија. Сместена во долината на реката Западна Морава, таа е меѓу најстарите и најпосетуваните бањи во регионот.Позната е по своите лековити минерални извори кои се користат за лекување, рехабилитација и релаксација. Градот располага со прекрасно уредени паркови, долги шеталишта, современи хотели и спа центри, што го прави привлечна дестинација во текот на целата година. Особено е познат по „Мостот на љубовта“, каде што вљубените парови оставаат катанци како симбол на вечна љубов. За новогодишните празници, Врњачка Бања нуди прекрасна атмосфера, концерти на отворено, богата забавна програма и вистинска зимска магија, што ја прави идеално место за незаборавен дочек на Новата година.

30.12.2026 СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА

Состанок на групата пред Дрво Декор во 07:30 часот. Поаѓање кон Врњачка Бања во 08:00 часот, со попатни паузи по потреба. Пристигнување и сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и запознавање со туристичкото место. Вечера. Ноќевање

31.12.2026 ВРЊАЧКА БАЊА

Појадок По појадокот, слободно време за индивидуални активности и користење на содржините на хотелот. Доцен Ручек со вклучени домашни пијалок (локални ракија и вино и сокови) во периодот од 15:00 до 17:00 часот.Слободно време. Во вечерните часови индивидуално ќе имаат можност да присуствуваат на традиционалната новогодишна програма која секоја година се организира на градскиот плоштад, со богата музичка програма и празнична атмосфера со пречек на Новата 2027 година. Ноќевање

01.01.2027 ВРЊАЧКА БАЊА

Доцен појадок  до 12:00 часот. Можност за користење на Wellness програмата што го нуди овој хотел и Вклучува: Финска сауна, Ароматичен туш, Инфрацрвена кабина, Релакс тепидариум,Солена соба за целосен детокс. Слободно време за индивидуални активности. Вечера со вклучен домашен пијалок по избор (вино, ракија или сок). Ноќевање

02.01.2027  ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок По појадокот, одјава од хотелот и заминување кон Скопје со попатни паузи по потреба.Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 Термин ► 30.12.2026 - 02.01.2027
        Редовна цена 285  €

Услови за деца: Деца до 6 години не плаќаат сместување доколку се во придружба на 2 возрасни лица, деца од 6 до 11 години плаќаат 50% од цената, исто така во придружба на две возрасни лица.


ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО                                                                                      

Автобуски превоз на наведена релација

Сместување во Хотел 3 ХБ на база на шведска маса

Вечера на 30.12.2026

Појадок и Доцен Ручек на 31.12.2026

Доцен Појадок и Вечера на 01.01.2027

Појадок на 02.01.2027

Користење на Велнес мини центар во хотелот

Вклучен еден влез во Аква парк Врњачке Терме.Гостите избираат ден по сопствена желба може да ги користат сите базени на Аква Паркот со топла вода кои се наоѓа во непосредна близина на хотелот.

Пратител на патувањето

Организација и водство


ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ  Е ВКЛУЧЕНО

Туристичка такса се плаќа на рецепција 1.5 € од ноќевање. Патничко осигурување – 5 €

Вечера во локални Ресторани со музика


Посебни услови за осигурување од одговорност на туристички агенции и Клиент- Договорувач на патувањето или носител на пријаваПатникот потврдува дека е целосно запознаен со програмата на патувањето, Општите услови за патување и отказната политика на агенцијата и дека истите ги прифаќа во целост. Сите евентуални барања за отказ, измена или рефундација ќе се разгледуваат исклучиво согласно одредбите од потпишаниот договор, важечките Општи услови и релевантните законски прописи. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е10 дена пред поаѓање.Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници доколку не е договорено поинаку При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира иститеАгенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Начин на плаќање: со сите можни картици, фактура или во готово.