Во срцето на Врњачка бања, се наоѓа комплексот на водено царство ,,Врњачке Терме,, Комплексот располага со 5 затворени базени со два тобогани ( термоминерална вода 32-36 степени) и три отворени надворешни со два тобогани. СПА центарот се состои од сауни, солена соба, парно купатило, тепидариум, салон за масажа...
Програма на патување:23.10.2026 (петок) СКОПЈЕ - ВРЊАЧКА БАЊАСостанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Врњачке терме. Кратко време за одмор, препорака за прошетка на Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина... Враќање во хотел, слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
24.10.2026(сабота) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊАПојадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
25.10.2026 (недела) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕПојадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.Цена по лице за најмалку 2 лица во соба
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Врњачке терме 4* во супериор соби
- Исхрана на база 2 ноќевања со поjaдок
- Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
- Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
- Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.
- Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
- Доплата за туристичка такса (200ден доплата во агенција);
- Факултативна посета на манастирот Жица 15€ (доплата на лице место)
- Доплата за еднокреветна соба 45евра
- Намалување за сопствен превоз -10€
- деца до 7 год. со двајца родители – гратис ( некористат кревет) плаќа превоз 40 евра
- деца од 7-12 год.со двајца родители – 50% од сумата (соба со софа – ограничен бр на соби)
- вечера 15 евра дневно по лице (доплата во агенција)
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.